Сите нутриционисти велат дека јадењето навечер е најлошо за вашиот струк, а уште полошо непосредно пред спиење. Сепак, ова правило не важи за овие 5 намирници кои денес ви ги претставуваме.
Тие се верни сојузници во одржувањето на витката линија и ќе се борат со вашите сало додека спиете.
Експертите од Универзитетот во Флорида велат дека 30 грама протеини 20 минути пред спиење одлично делуваат на линијата на вашето тело, а доколку ви треба доцна вечера, можете да ги јадете следните намирници.
- Урда
Урдата е една од најквалитетните намирници наведени како добра за консумирање пред спиење. Богата е со протеини и калциум, кои се особено важни за постарите лица.
- Бадеми и лешници
Вистина е дека се калорични, но нема да јадете полна чинија од нив, туку најмногу една дланка. Лекарите советуваат почесто да јадете јаткасти плодови доколку сакате да бидете во форма. Иако сите јаткасти плодови се богати со протеини, нутриционистите претпочитаат лешници и бадеми бидејќи содржат многу витамин Е, магнезиум и селен на кои вашето срце ќе му се заблагодари.
- Моцарела
Во 100 грама од ова вкусно сирење има 6 грама протеини , 1 грам јаглени хидрати, многу витамин Д и само 100 калории.
4. Јајца
Иако се сметаат за мрсна храна, научниците од Флорида велат дека се одлични за јадење пред спиење. Тие содржат многу протеини, витамин Д и други важни хранливи материи.
- Тофу
Сирењето тофу е на петтото место и се препорачува за оброк кој можете да го јадете навечер. Содржи доволно протеини за да го потисне гладот и не е калоричен. Се препорачува за жени во менопауза и луѓе кои не можат да толерираат млечни производи.