ЈАДЕТЕ МАГДОНОС ЗА ЗДРАВЈЕ!

Магдоносот е светлозелено, двегодишно растение кое се користи како зачин. Потекнува од Иран. Тој е многу чест во блискоисточната, европската и американската кујна. Магдоносот се користи поради неговите листови, слично како и кориандерот (познат како кинески магдонос или цилантро), иако има поблаг вкус.

Две форми на магдонос се користат во исхраната: оној со извиткани листови и италијанскиот (или рамнолисен магдонос P. neapolitanum). Магдоносот со извиткани листови често се користи како гарнир. Рамнолисниот магдонос има појак вкус, што доаѓа од повисоката количина на етерични масла. Една состојка на етеричното масло е апиолот.

Оваа билка не содржи холестерол, но е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и диететски
фибри, што помагаат да се контролира холестеролот во крвта, помага во превенцијата од констипација (запек), го штити телото од слободните радикали кои се појавуваат поради лековите за повреди и е добра превенција од рак.

Есенцијалното масло еугенол го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите.
Магдоносот е богат и со полифенолични антиоксиданти, ако апиин, апигенин, крисоериол, и лутеолин, кои се едни од најсилните состојки кои можат да се најдат во растение, а имаат антиоксидантни својства.

Растението е богато и со калиум, манган, железо и магнезиум. Богат е и со витамини А, бета-каротен, витамин К и фолати. Зеа-ксантинот помага при борбата со макуларна дегенерација во мрежичката на окото кај популацијата од постара возраст.

Магдоносот е најверојатно најбогат од сите растенија со витамин К, кој има потенцијално важна улога во здравјето на коските, со тоа што ја забавува остеотрофичната активност во коските. Има важна улога и при лечењето на пациенти болни од Алцхајмер, со тоа што ја лимитира нервната штета во мозокот.