ЈАДЕТЕ ПИПЕРКИ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ!

Во различни бои, со различни вкусови, пиперките можат да се најдат на секој чекор, во локалните продавнички, во големите маркети и на сите македонски пазари. Тие се користат за јадења што се прават во разни варијанти, од свежи во летниот период до зимници како лутеница и ајвар.

Од витамини, пиперката најмногу содржи витамин Ц. Докажано е дека во пиперката има дури 4-5 пати повеќе витамин Ц отколку во лимонот и портокалот. Количината на витаминот Ц изнесува околу 100-250 mg во 100 g свежи пиперки, a неговата количина зависи од староста на пиперката.



Во пиперката има и значителни количини на витамин Б, посебно Б1(60 mg/100 g) и Б2 (30 mg/100 g свежи пиперки). Содржи и витамин Е, поради што пиперката има и антиканцерогени својства. Содржи и пантотенска киселина, а во форма на провитамин содржи и витамин А, кој е присутен како бета-каротин и криптоксантин.

Секој треба да јаде пиперка, колку поради добриот вкус, толку поради здравите и лековити состојки што ги содржи.