ЈАГОТКИ- ПРЕКРАСНА УЖИНА ЗА ЛЕТНИТЕ ДЕНОВИ

Јаготката насекаде е позната по нејзината карактеристична арома, црвена боја, соковна текстура и сладина. Се конзумира во големи количини, свежа или пак приготвена како компот, сок, сладолед или милкшеик. Јаготката за првпат се одгледувала во Бретања, Франција во 1750 –те години преку Fragaria virginiana донесена од источна Северна Америка и Fragaria chiloensis која е донесена од Чиле од страна на Амеде Франсоа Фрезје во 1714 година.

Една шолја јаготки содржи повеќе витамин Ц од минималната дневна препорачана доза, што значи дека јаготките се одличен антиоксиданс, а исто така помагаат да се поттикне производството на колаген што резултира со затегната и свежа кожа.

Јаготките имаат противвоспалително дејство, а според најновите истражувања се добри и за здравјето на мозокот.

Една шолја јагоди исто така ја обезбедува дневната доза манган, минерал што помага во производството на колаген и го подобрува здравјето на кожата и коските.

Оваа количина јаготки содржи и околу 3 грама растителни влакна, кои овозможуваат непречена работа на дигестивниот систем.

Јаготките исто така го поттикнуваат „добриот“ холестерол и ја поттикнуваат циркулацијата.