Купувањето свежи јајца од локална, семејна фарма или мал производител е дефинитивно најдобрата опција, бидејќи тогаш имате најголеми шанси навистина да добиете свежи јајца.
Имено, неизмиените јајца кои се носат директно од кокошарник можат да останат надвор од фрижидер и до 4 недели пред да ги консумирате.
Долготрајниот заштитен слој наречен кутикула е одговорен за толку долг временски период и служи како природна бариера за бактериите. Се состои главно од протеини и фосфор.
Грешка е ако се обидеме да ги измиеме „валканите“ јајца пред да ги оставиме, бидејќи на тој начин го уништуваме овој тенок, но исклучително моќен заштитен слој, затоа секогаш избирајте неизмиени јајца кога ги купувате директно од производителот.
Доколку купувате јајца во продавница, ве советуваме секогаш да ги купувате оние што се чуваат во фрижидер, бидејќи јајцата од продавницата веќе поминале низ процесот на перење.
Бидејќи миењето јајца ја уништува природната кутикула, тие мора да се оладат за да се спречат бактериите да навлезат.
Пред да ги купите, отворете го пакувањето за да проверите дали лушпите се цели, односно некаде не се испукани и штом стигнете дома ставете ги во фрижидер, на температура до 4 степени.
Вака складираните јајца ќе го задржат својот квалитет до три недели .


