ЈАРЕЦ- ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2021 ГОДИНА

Плутон ќе биде во Јарец поголемиот дел од годината, а тоа е вистински благослов за луѓето родени во знакот на Јарец, според годишниот хороскоп за 2021 година.

Одлични можности ќе паднат пред вас од сите страни, и треба да ја користите вашата интуиција за да одлучите којa од нив е најдобро да ja искористите, а која е попаметно да ја прескокнете. Ќе напредувате само ако пробате нешто ново, но ако вашата интуиција ви каже „не“, тогаш слушајте ја во секој случај.

Љубов

Венера ќе биде во Јарец поголемиот дел од јануари, ноември и декември. Ако сте сами и сакате нова љубов, овие три месеци се најдобрите периоди за тоа. Со Венера во вашиот знак ќе бидете попривлечни за луѓето од кога било и постојано ќе привлекувате нови шанси за флерт. Ова ќе им помогне на осамените Јарци конечно да ја пронајдат вистинската љубов. Бидете внимателни ако сте во врска или брак – вниманието што ќе го привлечете носи шанса и за прељуба, што може да ја уништи постојната врска.

Работа

Ќе бидете самоуверени и многу харизматични, па затоа ќе се поставите како роден лидер. Поради тоа, ќе бидете забележани на работа и големи се шансите да напредувате. Додека не започнете да ги нервирате претпоставените или подредените, постои голема шанса за унапредување.



Пари

Венера во Јарец помагаат не само во љубовта, туку и во полето на парите. Ова е особено точно за Јарците кои се во брак или на друг начин споделуваат финансии со друго лице. Со заедничка работа, значително ќе ја подобрите финансиската состојба.

Семејство

Неколку предизвици ве очекуваат на ова поле, особено за време на ретроградниот Меркур. Може да има големи расправии, што ќе предизвика стрес. Ако е можно, избегајте од дома и искористете го тоа време да се прегрупирате и да одлучите што понатаму. Без разлика дали ви е тешко или не, најдобро е да се согласите на компромис дома. Иако тоа нема да ви донесе сè што сакате, барем тензијата ќе се намали. Ако сакате да го проширите семејството, тоа мора да се испланира, не одеднаш.

Здравје

Оваа година, треба да се фокусирате на менталното здравје.Ќе има многу моменти на конфузија и силен стрес. Кога тоа ќе се случи, најдобро е да се држите настрана од сите и да се опуштите сами со своите мисли. Важно е да се запамети дека менталното здравје е исто толку важно како и физичкото. Доколку е потребно, побарајте помош од професионалец.