КАКО ДА ДОЖИВЕТЕ ОРГАЗАМ?

Ако до сега не сте знаеле, жените не мора секогаш да бидат „нагоре“ за да доживеат оргазам. Иако многу дами велат дека позата „на врвот“ е една од најдобрите за постигнување оргазам, бидејќи тоа движење помага да се стимулира клиторисот, но не се лажете. Има и други начини да ви пружи сексуално задоволство!

Актерката Рејчел Билсон неодамна искрено проговори за својот сексуален живот. Таа признава дека до 30-тите години не можела да доживее оргазам за време на пенетративен секс.

Очигледно, причината што горенаведените позиции функционираат успешно кај многумина е тоа што овие движења максимално го стимулираат клиторисот. Некои ги претпочитаат и затоа што бараат повеќе активирање, што може да го забрза протокот на крв во гениталиите. Ова за возврат може да доведе до моќни оргазми и зголемено ниво на возбуда.

Ако не сакате да бидете на врвот на мажот, тоа не значи дека помалку ќе уживате во сексот.

Секој го доживува оргазмот на многу различни начини, а доколку најдете метод кој ви одговара, треба да го искористите максимумот од него.

На многумина им одговараат различни пози, додека на некои мастурбацијата може да донесе многу задоволство.

„Фантазиите и желбата за оргазам можат да играат голема улога во тоа како одредени пози и стимулации ви се пријатни. Некои пози во сексот се стандардизирани и тоа може да ве натера да заборавите дека постојат алтернативни начини на уживање, кои често се разликуваат од стандардизираните сексуални сценарија за она што многумина мислат дека треба да им помогне да постигнат оргазам. Имаме различни поврзани нерви на кои нашите тела реагираат и ги претвораат во задоволство, а тие не се само во гениталиите и можат да бидат стимулирани во различни области за секого“, објаснува клиничкиот сексолог и експерт Нес Купер.