Избегнувајте да озборувате
Доколку вистински го цените вашето пријателство со некоја личност, нема да уживате коментирајќи ги недостатоците или неуспесите на истата, бидејќи кога – тогаш таа ќе разбере за тоа. Дури и никогаш да не дознае, ризикувате да си ги ослабите односите со сите ваши пријатели, кога тие ќе дознаат дека сакате да озборувате. Тоа е така, бидејќи несвесно немаме доверба во луѓе кои имаат репутација на озборувачи. Инстиктивно имаме доверба и ги почитуваме оние, кои ја немаат потребата да критикуваат други.
Простувајте
Прошката не е клише, туку многу моќен и значаен фактор за градењето здрави односи. Вистинското проштавање значи дека треба да го заборавите лошото искуство кое сте го имале со личноста, а не денес да и простите, а после неколку недели повторно да ја критикувате за истата работа. Помислете колку би биле среќни кога вам би ви биле опростени и заборавени грешките кои сте ги направиле.
Имајте искрен мотив и научете да молчите
Ако гледате каква корист можете да извлечете од пријателствата, правите огромна грешка. Доколку пријателите ви требаат секогаш кога барате нешто од нив, тогаш бидете сигурни дека и тие ќе имаат слични или можеби и поголеми барања од вас. Еден ден, кога навистина ќе ви бидат потребни, тие ќе „исчезнат“.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Искрените пријателства треба да се базираат на заедничка поддршка и добра волја, а не на некаква лична полза. Исто така, кога сметате дека вашиот пријател има лоша идеја, која нема да му успее, немојте веднаш да се расправате и да го напаѓате. Молчете и дозволете самиот да си донесе заклучок. Можете да му ја понудите вашата помош или поддршка, но тотално е неисправно секогаш да се чувствувате одговорни за туѓите постапки и одлуки. На крајот на краиштата, не можете вие да го живеете нивниот живот место нив.
Единство и хумор – клуч за вистинско пријателство
Најдобриот рецепт за градење цврст однос со вашите пријатели е создавање на чувство на единство. Кога ќе научите да функционирате како еден, во вашите односи нема да постојат негативни чувства, како што се љубомора и несигурност. Плус, ако се чувствувате вистински поврзани, нема да имате срце да направите нешто кое ќе ги повреди вашите пријатели.