КАКО ДА ГО ВРАТИТЕ СЈАЈОТ НА НОКТИТЕ?

Од миење садови или перење облека, но и од други домашни активности, студ, често нанесување и отстранување на лак, ноктите можат да станат кршливи, да се разлистаат и да изгубат сјај. Затоа, и ним им е потребна нега полна со хранливи масла и витамини.

Современите лакови за нокти главно содржат додатоци кои ги зајакнуваат, долготрајното лакирање и отстранување на лакот треба да се прекине барем на 1 недела за да им се врати на ноктите природниот сјај.

Но како да им помогнете на ноктите за да го вратат сјајот?

Во едно малечко стаклено шишенце ставете 1 лажица квалитетно маслиново масло и капнете 10 капки есенцијално масло од лимон (тоа избелува и го враќа сјајот). Добро протресете ја содржината и потоа со топче памук нанесете по 1 капка на секој нокт и истријте го ноктот додека да го впие маслото.