Покрај пиењето многу течности, добро да се јаде и овошје. Грејпфрутот е едно од најпрепорачливите овошја поради многуте корисни својства. Можете да го јадете или исцедите и пиете како сок.
Освен што е многу освежителен, сокот од грејпфрут е исклучително корисен, особено кога се пие наутро на празен стомак.
Кои се хранливите својства на грејпфрутот?
Во 100 гр. грејпфрут има помеѓу 30 и 40 kcal (во зависност од сортата), околу 8,5 гр. јаглени хидрати, 90 мл. вода (во просек 75% од овошјето е вода) и 0,1 гр. масти.
Доволно е да изедете грејпфрут со средна големина, кој на организмот ќе му ја обезбеди потребната дневна количина на витамин Ц.
Освен тоа, ова овошје со егзотичен вкус е моќен антиоксиданс – многу истражувања покажуваат дека помага во намалување на холестеролот.
И да застанеме овде со фактите кои можеби веќе им се познати на многумина од вас и да преминеме на суштинскиот дел, имено:
Како да изгубите тежина со грејпфрут?
Доколку се прашувате како ова овошје може да направи чуда и да ви помогне да ослабете, ние ќе ви одговориме.
Грејпфрутот помага во согорувањето на мастите и на тој начин влијае на метаболизмот. Неговата консумација го намалува нивото на инсулин и го потиснува чувството на глад. Што е подобро од тоа?
А диетата е многу лесна:
Потребно е редовно да консумирате овошје или сок од грејпфрут, а не треба да се ограничувате на ниту една храна. Сепак, резултатите ќе бидат подобри ако јадете урамнотежена и здрава исхрана.
Препорачуваме половина грејпфрут 30 минути пред секој оброк. За само околу 10 недели, со овој режим незабележливо ќе се ослободите од 2 до 5 килограми.