- Флертувајте безопасно
Доколку забележите убаво/а момче/девојка додека го пиете попладневното кафе во некој бар, не плашете се шармантно да му/ѝ се насмевнете, само затоа што сте во сериозна врска и мислите дека тоа би било погрешно. Напротив, доколку сте во искрена и стабилна врска, краткиот, спонтан и безопасен флерт ќе ви ја подигне вашата самодоверба, ќе ви ја зголеми сексуалноста, а потоа тие искри ќе ги пренесете во креветот на вашиот партнер. - Спијте голи
Понекогаш, на секој од нас навистина ни е потребно да си го посветиме денот на себеси. Запалете свеќи во вашата бања, почестете се со долго капење во топла пенлива када. Потоа, тргнете ги пижамите настрана и не дозволувајте ништо да застане помеѓу вас и вашиот чаршав. Допирот на вашата кожа со памучниот или уште подобро со сатенскиот чаршав, ќе направи да бидете подобро запознаени со вашето тело и сексуалност. - Изберете ја долната облека на вашиот партнер
Девојката може да му понуди на своето момче да ги избере нејзиниот градник и гаќички во кои таа му изгледа најсекси. Потоа, таа може да му предложи на момчето да облече тесни и кратки боксерици. За да биде уште повозбудливо, изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе му купите нова „жешка“ долна облека без тој да знае.
10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска - Направете заеднички секси фотки
Позирајте со вашиот партнер и фотографирајте ги тие секси моменти кои ќе ви бидат визуелен потсетник на вашата сензуалност. Покријте ги интимните делови со неговите боксерици или соблечете се целосно како од мајка родени. Изборот е ваш! - Напишете ваша лична еротска приказна
Со веб-сајтот hoochymail.com, на вашиот партнер можете да му испратите секси приказна во која вие двајца ќе бидете во главните улоги. Сé што треба да направите е да ги пополните омилените работи на вашиот партнер, како и најубавиот дел од неговото тело и еротичната приказна ќе се напише сама. Сето тоа е бесплатно, а мејлот ќе стигне до двајцата. Звучи примамливо нели? - Потрошете повеќе време на предиграта
Водете љубов како тинејџери. Бакнувајте се страсно и долго и дозволете му на партнерот полека да ве соблекува. Обидете се да го одложувате нагонот што е можно подолго бидејќи предиграта ќе го направи вашиот секс поенергичен, а на крајот и двајцата ќе бидете задоволни. - Споделете сексуална фантазија и пробајте нова секс поза
Споделете некаква сексуална фантазија со вашиот партнер и во детали објаснете му што ќе се случи ако се оствари. Потоа експериментирајте со пробувањето нови секс пози, кои ќе ви помогнат да откриете во која максимално уживате. Отворањето кон вашиот партнер ќе ја зајакне вашата интимност и ќе ја подобри меѓусебната доверба.
КАКО ДА ЈА „ЗАЧИНИТЕ “ ВАШАТА ВРСКА?
