Никој не знае колку долго ќе треба да носиме заштитни маски, но сосема е сигурно дека сепак ќе мора да ги носиме. И тука има проблем: очилата и маската не се совпаѓаат многу добро. Како да носите маска и очила, за да не се замаглуваат очилата?
МЕТОД 1
Свиткајте го работ на маската навнатре, пред да ја ставите. Кога потоа ќе ги ставите очилата, проверете дали се над маската, а не обратно.
На тој начин, дел од топлиот воздух ќе се спушти и очилата ќе престанат да се замаглуваат.
МЕТОД 2
Додадете парче материјал на делот од маската што доаѓа до носот. На овој начин, ткаенината ќе го задржи воздухот што го издишувате и нема да стигне до очилата.
Можете исто така да користите преклопена хартиена салфетка, ставајќи го едниот крај помеѓу маската и лицето.