КАКО ДА СЕ „СТОПИ“ СТОМАКОТ

Абдоминалните масти тешко се губат, а нивното „одржување“ со текот на времето може да доведе до дијабетес, проблеми со црниот дроб и бременост, висок крвен притисок, срцеви заболувања. Ако сакаме да се „разделиме“ со нив, треба редовно да вежбаме, да конзумираме здрава исхрана и да додадеме некои билки во нашето мени. Што ќе ви помогне да ги намалите маснотиите во стомакот, прочитајте во следните редови.

Босилек
Одлична билка која ни помага да се „разделиме“ од стомакот бидејќи со нејзина помош се намалува хормонот на стресот кортизол. Кога кортизолот е висок, тогаш добиваме вишок килограми, особено во стомакот. Затоа додадете босилек во вашето мени.

Чај од хибискус
Со рубинска боја и пријатен вкус, чајот од хибискус е наш помошник во топењето на масните наслаги во стомакот. Билката има и диуретични својства кои можат да помогнат во спречувањето на надуеноста и исто така помага при разградувањето на зачуваните маснотии.

Пијте зелен чај
Еден од најпрепорачаните пијалоци за слабеење е зелениот чај. Богат е со моќни антиоксиданти наречени катехини и епигалокатехин галат. Антиоксидансите го зголемуваат метаболизмот, помагајќи да се елиминира вишокот тежина, особено во областа на половината. Зелениот чај се смета за еден од најздравите пијалоци што можете да го додадете во вашата исхрана.