Интелигенцијата не е вродена особина, таа може да еволуира со текот на времето и целосно зависи од нас самите и од тоа како управуваме со неа. Ако сакаме да бидеме попаметни, треба да изградиме здрав дух и истрајност. Забележете што направиле најголемите генијалци на човештвото. Во слободното време не се забавувале, туку се фокусирале на некој проблем. Нашиот мозок има способност да решава прашања кои се во втор план без да им обрнуваме внимание, но одвреме-навреме размислуваме за нив.
Вежбајте
Вежбањето е време кога мозокот одмара, се освежува и е подготвен да размислува порационално. Физичкиот замор не става во режим на медитација, каде што не размислуваме за тешкотиите на денот, туку дишеме и се наполнуваме.
Читајте
Читањето книги од секаков вид неизбежно ја проширува општата култура. Секоја книга е корисна за нешто, било да е тоа класична литература што ќе ве направи интелигентни во социјална ситуација или литература за образование, книги за самопомош и разбирање на теми како што се економијата, општеството и процесите околу нас.
Не трошете време
Кога имате неколку минути, не скролајте бесцелно по телефонот. Повеќето од работите низ кои поминувате не ни ги забележувате. Изведете концентрирана акција – преземете апликација за судоку или за учење странски јазик. Тие се лесни како игрите, но го развиваат вашето размислување и ве збогатуваат.
Запишувајте си
Запишете си важни информации, особено ако имате визуелна меморија. Без разлика дали тоа е на вашите телефонски белешки или на хартија, еден ден ќе бидете благодарни за сите информации што сте ги собрале.
Пренесете го вашето знаење
На училиште, кога сте ја научиле лекцијата, а потоа од вас се бара да ја кажете – ова го зајакнува вашето знаење. На ист начин, кога ќе научите нови информации, обидете се да ги прераскажувате за да стекнете подлабоко разбирање за нив и уште подобро да ги запомните. Ова е корисно не само за вас, туку и за другите.
Добар сон
За да го опоравите вашиот мозок и да ги запомни сите информации, му треба доволно сон. Избегнувајте екрани навечер, намалете го кофеинот и контролирајте го стресот со медитација.