КАКО КАФЕТО МОЖЕ ДА НИ ПОМОГНЕ ПРИ ВОСПАЛЕНИЕ

Можеби не сте слушнале за тоа, но кофеинот може да се спротивстави на воспалението што доаѓа со возраста, покажа новото истражување. Резултатите од студијата нудат објаснување зошто оние кои пијат кафе имаат тенденција да живеат подолго од оние кои не пијат кафе.

Самото истражување се одвиваше во неколку фази. Прво, научниците ги анализираа податоците од студијата на повеќе од 100 луѓе, која имаше за цел да проучи како системите на телото се менуваат во процесот на стареење. Испитувани се примероци од крв од учесниците, податоци од медицинската и семејната историја на секој од нив. Резултатите покажаа дека постарите учесници имале повисоки нивоа на воспалителен протеин наречен IL-1 бета во споредба со помладите учесници. Уште повеќе, кај постарите возрасни лица, оние со повисоки нивоа на IL-1 бета биле изложени на поголем ризик од калцификација на артериите и висок крвен притисок во споредба со оние кои имале пониски нивоа на овој воспалителен протеин.

За да утврдат дали постои причинско-последична врска помеѓу IL-1 бета протеинот и состојби како што е висок крвен притисок, истражувачите спроведоа студија и кај глувци. Научниците откриле дека инјектирањето на супстанции кои го зголемуваат производството на IL-1 бета протеинот предизвикува големо воспаление и хипертензија, што ја поддржува нивната идеја.

Во втората фаза од студијата, научниците истражувале зошто некои постари луѓе покажале помала активност на IL-1 бета протеинот. Утврдено е дека консумираат повеќе пијалоци со кофеин. Кога истражувачите повторно ги погледнале примероците од крвта, откриле дека оние со повисоки нивоа на кофеин всушност покажале пониско активирање на IL-1 бета протеинот.



Излегува дека кофеинот всушност го спречува формирањето на овие воспалителни соединенија во клетките:

Ова откритие може да објасни зошто потрошувачката на кофеин е поврзана со понизок крвен притисок, вели проф Дејвис.

Истражувачите забележуваат дека намалувањето на хроничното воспаление кај постарите возрасни лица може да спречи голем број болести поврзани со возраста, вклучувајќи висок крвен притисок, калцификација на артериите и други кардиоваскуларни проблеми. Потребни се повеќе истражувања за дефинитивно да се потврдат овие тврдења, како и да се развијат специфични лекови за да се спротивстават на нивните причини.

Засега, сепак, пиењето кафе може да биде еден начин да се намали воспалението кое природно доаѓа со возраста.