Започнете го денот со лажица мед наутро – не само што е вкусен, туку и прекрасен еликсир, богат со многу витамини, минерали, ензими, амино киселини и антиоксиданси.
Поздрава кожа
Медот делува како антиоксиданс и може да го исчисти вашето тело од токсини. Исто така, има добри антибактериски својства. Ако земате по една лажичка мед секое утро, по неколку недели вашата кожа ќе изгледа подобро.
За слабеење
Доколку сакате да ослабете, слатките треба да ги исфрлите од исхраната, но без медот. Шеќерот во него е различен, а неговото редовно консумирање го забрзува метаболизмот и помага во согорувањето на мастите.
Го намалува лошиот холестерол
Медот го намалува лошиот холестерол во крвта и го зголемува добриот холестерол со ограничување на таложењето на холестерол во крвните садови.
Поздраво срце
Лажичка мед делува како прекрасна превентива за срцето. Антиоксидансите го спречуваат стеснувањето на артериите. Ќе ви се подобри меморијата, а нивото на стрес ќе ви се намали.Состојките во медот ќе обезбедат подобра функција на мозокот и ќе ја подобрат концентрацијата, а исто така ќе ве направат многу поотпорни на стрес, ќе ги смират нервите и ќе го намалат заморот.
Поздрав стомак
Медот делува антисептично и со една лажица наутро на празен стомак можете да спречите дигестивни проблеми. Исто така, ги разградува микробите додека минуваат низ стомакот. Во комбинација со лук, неговата моќ се зголемува десет пати. За да го зајакнете вашиот имунитет, пробајте ја комбинацијата од суров лук и мед.


