Црниот дроб е орган со незаменливи витални функции. Тоа е моќен орган кој не само што ја чисти крвта од токсини, туку и складира витамини, минерали, хранливи материи, кои потоа се користат за енергија. Исто така, складира вредни протеини. Имунолошкиот систем е дизајниран да го заштити црниот дроб од токсини, но тој за возврат го штити од преоптоварување.
Црниот дроб се соочува со вистински предизвик поради нашиот начин на живот. Алкохол, кофеин, чад од тутун, конзумирање на заситени, хидрогенизирани масти, транс масти, изобилство на јаглехидрати се само дел од штетните навики кои ја влошуваат состојбата на црниот дроб. Лековите, суплементите, недостатокот на сон се исто така фактори кои придонесуваат за намалување на неговата способност добро да го детоксицира телото.
Заситените масти како кокосовото масло, путер, сирењето и кашкавалот се само дел од исхраната на многу современи луѓе кои претпочитаат диети со висока содржина на масти наместо јаглени хидрати. Долгорочниот ефект врз црниот дроб е сериозен.
Како може лукот да помогне во детоксикација на црниот дроб?
Лукот е познат по своите моќни активни супстанции кои го поддржуваат имунолошкиот систем и процесите на лекување во телото. Се смета за суперхрана поради високата содржина на антиоксиданси во неговиот состав. Многу е богат со сулфур, витамини и минерали кои помагаат во детоксикација на црниот дроб.
Бројни студии цитирани од healthdigest.com покажуваат дека редовното консумирање свеж или варен лук може да помогне да се намали акумулацијата на маснотии во црниот дроб, а со тоа да се подобри липидниот профил.
Конзумирањето на сиров лук може да ја поддржи работата на црниот дроб, да придонесе за негова детоксикација, да го стимулира обновувањето на клетките на црниот дроб и да го исчисти црниот дроб од масните наслаги, пишува healthline.com. Според некои студии, свежиот лук и додатоците со екстракт од лук може да го намалат ризикот од заболување на црниот дроб и рак на црниот дроб.
Задолжително консултирајте се со лекар пред да земете суплементи со лук. Лукот може да го иритира гастроинтестиналниот тракт. Не претерувајте со количината на консумиран лук.