Секое човечко суштество доживува емоции. Секојдневно доживуваме толку многу работи кои предизвикуваат во нас чувство на еуфорија, среќа, тага, лутина, депресија итн.
Ако до сега не сте забележале, емоциите, без разлика дали се позитивни или негативни, на одреден начин влијаат на нашето тело и здравје. Забавниот сајт Bright Side споделува за тоа како и каде се чувствуваат емоциите.
Среќата и љубовта се манифестираат низ телото
Емоционалното возбудување на чувството на среќа влијае на нашите мускули, во желудникот, цревата и мочниот меур. Оттука е и значењето на изразот „пеперутки во мојот стомак“. Меѓутоа, во споредба со среќата, љубовта не се чувствува толку во нозете.
Добрата работа е што овие две позитивни емоции ослободуваат допамин и серотонин, хормоните за добро чувство кои помагаат во регулирањето на нашето расположение и емоции.
Гневот главно се чувствува во горната половина од телото и најмногу може да влијае на срцето
Кога сме многу лути сакаме да удриме нешто. Емоционалната енергија станува интензивна во рацете и можеби ќе почувствуваме потреба да ја ослободиме.
Но, чувството на лутина, исто така, ослободува адреналин, што предизвикува нашите мускули да се затегнат и нашиот крвен притисок да се зголеми. Според голем број западни учења, потиснатиот гнев може да се поврзе со срцеви заболувања и ослабен имунолошки систем.
Стравот и одвратноста влијаат на горната половина на телото и на кардиоваскуларниот систем
Кога се плашиме, одговорот за борба или бегство се активира во нашето тело. Тогаш во телото се ослободуваат хормони кои не подготвуваат за соодветното дејство. Овие хормони ја зголемуваат активноста во срцето и белите дробови. Тогаш обично дишеме побрзо, чувствуваме чукање на срцето. Стресот од постојан страв може да го зголеми ризикот од проблеми со срцето, но и негативно да влијае на меморијата.
Тагата може да се почувствува во главата и градите, додека депресијата го оневозможува долниот дел од телото
Западните студии покажуваат дека депресијата може да придонесе за физички промени во мозокот и да предизвика главоболки и воспаление во телото. Чувството на вознемиреност може да предизвика и губење интерес за одредени работи, но и да го зголеми ризикот од анксиозност и депресија.
Вознемиреност се чувствува над карличната област, која е исто така област погодена од напади на анксиозност
Како и стравот, доживувањето анксиозност предизвикува наплив на адреналин, ја зголемува стапката на дишење, така што нашиот мозок добива повеќе кислород и се подготвува за нешто што го доживуваме како закана. Брзо отчукување на срцето, болка во градите и гадење се симптоми на напад на анксиозност.
Постојаната анксиозност може да ги наруши нормалните функции на нашето тело и може да го ослаби нашиот имунолошки систем. Тоа може да не направи и ранливи на вирусни инфекции и други болести, велат научниците.
Зависта влијае на градите и главата и може да предизвика проблеми со срцето
Според западните експерти, зависта е сложена емоционална мешавина од страв, стрес и гнев. Негувањето завист може да доведе до несоница и срцеви заболувања, сугерираат истражувањата.