КАКО САМИ СЕ СПРЕЧУВАМЕ ДА БИДЕМЕ УСПЕШНИ?

Саботажата не е ништо ново во светот на човечките суштества, но ваквото однесување може да влијае и на нашето здравје, кариера и успех.

По дефиниција, саботажа е намерно спречување на успех, план или акција. И, како си го правиме тоа на себеси?

Одложувањето е причина број еден зошто се саботираме себеси и нашиот успех. Не одложувајте.
Ако постојано имате изговори и не прифаќате дека сте погрешиле, тоа е знак дека се саботирате сами.
Дали продолжувате да размислувате дали сте доволно добри? Ако мислите дека не заслужувате успех, никогаш нема да бидете успешни.
Дали ги оттурнувате луѓето од вас веднаш штом почувствувате дека станале премногу блиски со вас? Нема ништо лошо во тоа да бидете емотивни и понекогаш да ги покажувате вашите чувства. Без оглед на сѐ, некогаш некој ќе ве повреди.
Ако барате решение во пороците, знајте дека со ова го саботирате вашето физичко и ментално здравје!
Треба да бидете искрени пред себеси и најважно со себе, за да ги постигнете своите цели. Што правите погрешно и што треба да направите за да го промените тоа? Размислете за овие прашања и започнете да дејствувате!