КАКОВ ЧОВЕК СИ ? ЕВЕ ШТО КУЧИЊАТА МОЖАТ ДА ПОЧУВСТВУВААТ КАЈ ЛУЃЕТО

Најдобриот пријател на човекот е дефинитивно кучето, но покрај тоа што кучињата уживаат во човечкото внимание, можат да почувствуваат и прилично неверојатни работи.

Расположението

Кучињата се многу приврзани за своите сопственици, па можат да чувствуваат и кога сте нерасположени. На тој начин го ставате и во стресна ситуација, доколку се чувствува тажно.

Внимание

Секогаш ќе чувствува кога не обрнувате внимание, па ќе го искористи моментот да направи нешто „глупаво“ или да ви ја украде храната од масата.

Заболување

Иако утеха наоѓаме во домашните миленици кога сме болни, кучињата можат да ги помирисаат и клетките на ракот преку примерок од крв, што истражувањето го покажало во неколку случаи.

Лага

Кучињата се способни да препознаат луѓе кои лажат. Тие можат да кажат кога биле измамени и никогаш повеќе нема да им веруваат на луѓето што ги измамиле.