КАЛИНКАТА: СИМБОЛ НА ЗДРАВЈЕТО,ПЛОДНОСТА И ВЕЧНИОТ ЖИВОТ

Калинката е едно од најстарите овошја познати на човекот. За нејзината употреба постојат записи во повеќе култури и религии, во кои калинката била почитувана како симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Исто така, постојат повеќе студии кои го потврдуваат благотворното дејство на калинката.



  • Го подобрува кардиоваскуларниот и нервниот систем,
  • има добар ефект врз коските, и се перепорачува бидејќи калинката е богат извор на витамин Б5, калиум, алагитанин и флавоноиди. Исто така, 100 грама калинка содржат 16% од препорачаната дневна доза на витаминот Ц.
  • калинката содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето серотонин и естроген во организмот.
  • Според клиничките испитувања, материите што ги содржи само калинката – пуницалагините – влијаат поволно врз срцето и крвните садови. Маслото од калинка има естрогенски, антивоспалителни и антимикробни својства бидејќи содржи пуницинична и елагична киселина.
  • Истражувањата покажуваат дека калинките се особено богат антиоксидативен извор. Имаат дури 3 пати повеќе вакви компоненти од зелениот чај и црвеното вино.