Али-кан е исламско момче од Азербејџан, исполнето со страста на своите предци кон пустината и воените легенди. Неговата љубовница Нино, преубава христијанка од Грузија, е девојка со европски сензибилитет. Наспроти забелешките на нивните родители, како деца стануваат многу блиски, а подоцна и љубовници кои своите денови ги поминуваат на бреговите на Каспиското море во Баку. Меѓутоа, токму тука во градот, каде што се судираат две различни цивилизации – Истокот и Западот, нивните разлики стануваат сè поизразени. Подоцна, тие неизбежно стануваат учесници во случувањата околу Октомвриската револуција и Првата светска војна. Така двајцата мораат да се спротистават на раздвоените светови и на своите внатрешни пориви.
“Кога ќе го прочитате овој роман, ќе почувствувате како да сте пронашле загубено богатство… ова е еп за различните култури, кој и денес е актуелен.” The New York Times.
Романот „Али и Нино“ првпат е објавен 1937 г. во Виена. Прогласен е за најдобар романтичен роман на векот – релативно кус роман со епски замав. Ова е приказна која целосно освојува, за љубовта која ги искусува војната и воените случувања. Често е споредуван со делата како „Ромео и Јулија“, „Однесено од виорот“ и „Доктор Живаго“. Освен тоа што е исклучителна љубовна приказна, ова е и портрет на две сосем различни култури.