КНИГА НА ДЕНОТ – ДВЕ И ПОЛ СЕСТРИ ОД МИЛИЈАНА ПАВЛОВСКА

Неверството на брачниот партнер е проклетство кое подмолно се вовлекува во темелите на семејната хармонија, а потоа отворено и катастрофално го уништува сетo она што се создавало со љубов, со верност и надеж за среќна иднина. Но, неверството не е крај на животот. Таа мисла остава место во сите срца за нова светлина на постоењето, за нов почеток…