КНИГА НА ДЕНОТ: ПТИЦИ ВО УСТАТА ОД САМАНТА ШВЕБЛИН

Хипнотизирачките приказни во „Птици во устата“ го пробиваат реалното со застрашувачка жестина. Сурови, несекојдневни, необични: чудното напати се наметнува во нив со банално и премолчено сомневање. Кај други, пак, со насилна и неповратна густина, како во кафкански кошмар. Наградена со „Каса де лас Америкас“ во 2008 година, оваа книга со 18 раскази ја поминува тенката линија што го дели фантастичното од реалното, натприродното од секојдневното, со еден флуиден и прецизен стил и со конкретна визија на светото, што потврдува дека Аргентинката Саманта Швеблин е еден од најважните и најоригиналните раскажувачи од својата генерација прозаисти на шпански јазик.