Во 2010 година овој роман на Гоце Смилевски ја доби Наградата за литература на Европската Унија. Авторот се вбројува во групата на најпреведувани писатели во Европа, а овој мајсторски роман фрла сосема поинаква светлина врз семејството на Зигмунд Фројд.
Сите знаеме по некоја детаљ за „таткото на психоанализата“, но што се случува со останатиот дел од неговото семејство? Што кога нараторот на приказната е неговата сестра Адолфина?
Потресен, трогателен, мајсторски напишан. „Сестрата на Зигмунд Фројд“ има одлична приказна и уште подобра нарација која ќе ви ги отвори очите за еден од највлијателните ликови во областа на психоанализата.
Романот е објавен и во Франција, Бразил, Италија, Португалија, Турција, Холандија, Шпанија, Унгарија, Германија, Бугарија, Романија, Литванија, Чешка, Словенија, Хрватска, Норвешка, Русија, Босна и Херцеговина, Данска и во други земји.