„Жената на прозорецот“ од А.Џ. Фин
Агорафобична жена што живее сама и ги шпионира соседите случајно гледа нешто што не треба да го види.
„Еленор Олифант е океј“ од Гејл Ханимен
Осамена девојка со тврдокорно срце и слаби социјални вештини почнува да се отвора за светот кога се спријателува со маж со големо срце.
„Фати ме“ од Лиса Гарднер
Девојка тренира и се подготвува за серискиот убиец што ги убил нејзините најдобри другарки една по една на истиот датум секоја година, па сега очекува дека таа е на ред.
„Светлината што ја изгубивме“ од Џил Сантополо
Љубовна приказна за двајца кои се сакаат цел живот, иако судбината постојано ги разделува.
„Вистинскиот“ – Џон Марс
Нов сајт за анализирање на ДНК ве спојува со сродната душа, една и единствена за вас, без разлика каде во светот се наоѓа. Но излегува дека на еден сериски убиец сродна душа му е полицајката која работи токму на неговиот случај.
„Тајната сопруга“ од Џил Пол
Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса – а и нивните животи – паѓаат во опасност.
„Совршената замена“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен
Една потиштена жена не може да се помири дека сопругот ја остава за помлада девојка и решава да не им дозволи да се земат.
„Црвена како крв“ од Сала Симука
Во оваа современа бајка, седумнаесетгодишната тинејџерка Лумики Андерсон во темната комора на своето училиште во Тампере, наоѓа како се сушат еден куп испрани крвави банкноти, што од корен го менуваат нејзиното мирно тинејџерско секојдневие.
„Бела како снег“ од Сала Симука
Во овој психолошки крими трилер, седумнаесетгодишната Лумики Андерсон се најде на улиците во Прага, во потрага по долго посакуваниот мир далеку од љубопитните очи, семејните тајни и од суровиот господар на криминалното подземје во нордиските земји.
„Последици од “Нина Вејерс
Мини го става својот живот на лабораториска маса, правејќи го суровина на својата уметност. Во своите дела ги испитува прашањата на спојувањето на животот и уметноста, директно инспирирани од нејзиниот живот. Фотографот со кого почнува слободни сексуални односи ѝ доаѓа како нарачан во новиот проект.