КОДЕКС РОХОНЦИ: МИСТЕРИОЗНА КНИГА НАПИШАНА НА НЕПОЗНАТ ЈАЗИК

Не се знае многу за мистериозната книга „Кодекс Рохонци“, освен што има 448 страници и се појави во Унгарија во 19 век. Не знаеме кој ја напишал книгата, каде е напишана – и не знаеме што е напишано во неа, имајќи предвид дека текстот е напишан со мистериозна азбука составена од скоро 200 симболи.

Илустрациите пронајдени во книгата покажуваат детали од војните и се исполнети со религиозна симболика што потсетува на христијанството, исламот, па дури и хиндуизмот.



Можното потекло на ракописот е поврзано со Индија, Сумер или античка Унгарија. Но, сè додека не се открие што пишува во него, нема да знаеме кој и зошто го напишал ова мистериозно дело.