Никој не влегува во врска со идејата да мами или да чека да биде измамен. Во бракот е исто. Сепак, наклонетоста кон „туѓите личности“и неверството се честа појава, која честопати е „оправдана“ од монотонијата во врската. Едно ново истражување прикажува по колку време мажите и жените почнуваат да посакуваат нов партнер во сексуална смисла.
Истражувањето е објавено во The Journal of Sex Research и покажува дека кај мажите има поголема веројатност да мамат кога се во брак отколку жените. Претставниците на жените се подложни на „скршнување“ помеѓу 6-тата и 10-тата година од врската / бракот, додека мажите по 11-тата година.
Резултатите се собрани од информациите на 423 учесници кои требало да наведат 29 причини кои ги спречуваат да мамат и колку е силен нивниот порив за неверство.
Од одговорите на учесниците, станува јасно дека жените се верни на своите партнери претежно поради верски причини или затоа што сѐ уште се на почетокот на нивниот брак. Одлуката да не се усложнува нивниот живот со неверство е диктирана од фактори како што се стравот да останат сами или желбата да се вклопат во социјалните стандарди. Изненадувачки, загриженоста дека таквото нешто може да влијае на децата или на партнерот е далеку зад списокот на причини за верност.
Важно е да се напомене дека сите заклучоци се прават само со споредба на одговорите на различните испитаници кои го пополниле прашалникот.