Многу мажи, кога ќе се заљубат , се обидуваат да го сокријат тоа чувство, но една работа сепак ги издава. Секој човек има свои посебни навики, доблести, маани и карактеристики, па затоа секој различно се однесува за време на љубовта.
Сепак, занесот кај секој маж е забележлив во очите. Треба да внимавате на времетраењето на погледот – ако ве гледа во очи пет секунди и се сврти, можно е да нема значителен занес и потреба од интимност , покажува истражувањето.
Ако не го тргне погледот осум секунди или подолго, дефинитивно е заљубен ! Галина Котикова, психолог, го објаснува вака: „Фронталниот дел од мозокот прави анализа на се околу него, донесува заклучоци, проучува, долго гледа. Ако не го интересира сериозна врска, тогаш ова ќе биде евалуативен поглед“.
Ако мажот ве гледа долго во очи, може да помисли: „Ова е вистинската личност за мене!“ Ако погледот талка околу вас, тоа може да сигнализира дека тој не е подготвен за долга врска. Заљубениот маж не гледа мани кај жената. Едноставно го исклучува делот од мозокот задолжен да ги „осудува луѓето“. Значи, ако мажот не критикува, тогаш се заљубил!
Психологот Галина Котикова работеше на овој преглед и откри: „Тој во неа го гледа најдоброто, најубавото, ја штити и воопшто не гледа мани“.
Некои други знаци се дека заљубениот маж ќе сака да ве фати за рака, станува поемотивно. Од романтичните чувства во крвта се зголемува количината на серотонин, па и тивката личност може да покаже живост.
Ова е доказ дека очите се огледало на душата!


