КОГА ПОСЕТУВАТЕ НЕКОГО ЗА ПРВ ПАТ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАПРАВЕТЕ ГО ОВА

Во Јапонија, на пример, постои верување дека кога ќе влеземе во нечија куќа, првото нешто што треба да направиме е да ги затвориме очите.

Една стара јапонска мудрост вели дека „кога влегуваш во нечија куќа си слеп, а кога излегуваш нем“. Во превод, немојте кога влегувате во нечиј дом да барате дефекти, а доколку ги забележите не кажувајте никому за нив.

Исто така, исклучително е важно да го почитувате вашиот домаќин, што значи да не ја забележувате прашината на подот или расфрланите играчки бидејќи тоа не е показател за квалитетот на вашиот домаќин.

Многу е важно, дури и да забележите нешто, никому да не му кажете, бидејќи ако зборувате лошо за домаќините, покажувате непочитување, создавате лоша енергија и таа ви се враќа.

На крајот на краиштата, најважно е вашиот домаќин да е добар и да се чувствувате добро во неговата околина, дури и со расфрлани играчки на подот