КОИ ДЕНОВИ СЕ НАЈДОБРИ ЗА СЕКС?

Ако мислевте дека жените се расположени за секс за време на викендите, тогаш сте се излажале. Всушност, ова се специфични денови во месецот.

Најсилното либидо е непосредно пред и за време на плодните денови, поточно многу брзо по завршувањето на „тие денови“.

Меѓутоа, покрај хормоните, на желбата за секс влијаат и низа фактори, меѓу кои и денот во неделата. Истражувањето спроведено на голем примерок на слободни жени и жени во сериозни врски покажа дека слободните жени прво ќе водат љубов во понеделник и среда, додека оние во врска ја оставаат акцијата за петок или сабота.

Во текот на менструалниот циклус, жените поминуваат низ фази во кои имаат сосема спротивни сексуални расположенија. На многу жени им пречат овие нагли промени, но не знаат како да ги контролираат и да се прилагодат на потребите на своето тело.

1–5. ден од циклусот
Почетокот на менструалниот циклус е фаза во која нема раздразливост, надуеност и чувство на тежина. Оваа фаза се јавува затоа што нивото на хормонот естроген се зголемува. Ако имате болна менструација, уживајте во страсните допири, бидејќи сексот може да ја смири болката. За време на оргазмот се ослободува ендорфин (хормонот на среќата), кој исто така е природен опијат и ја ублажува болката.

6-8. ден од циклусот
Идеален период за експерименти во кревет, бидејќи вашата самодоверба повторно е на врвот. Во овој период надополнете се што сте пропуштиле за време на менструацијата.

9–14. ден на циклусот
Во овој период вашето тело се подготвува за овулација и овулира. Естрогенот го достигнува својот врв, а вие се чувствувате како вистинска заводничка. Жените во овој период се чувствуваат волшебно и секси, често носат тесни фустани и маички со деколте. Врз основа на сето тоа, можеме да заклучиме дека ова се најдобри денови за секс. Која поза и да ја одберете, ќе доживеете кулминација, бидејќи вагината е исклучително чувствителна во овој период.

15–19. ден од циклусот
Ова е периодот кога нема да бидете толку расположени за секс, но тоа е сосема нормално. Нивото на естроген значително се намалува и тоа влијае на вашето расположение. Во овој период најмногу ќе уживате во разгалувањето на партнерот. Бидејќи овој период се чувствувате уморни, одберете едноставна поза и препуштете сè на вашиот партнер.

20–28. ден од циклусот
Ова е најнеповолниот период за жената, бидејќи тогаш е исклучително раздразлива и депресивна. Нивото на естроген е исклучително ниско. Кога ќе влезете во овој период, ќе уживате во топли и миризливи купки, а во кревет најмногу ќе ви биде задоволство што партнерот орално ве задоволува,