КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НАЈМНОГУ ЛАЖАТ?

Лав
Лавот мора секогаш да биде во центарот на вниманието и спремен е на сè за да го постигне тоа. Знае да лаже и да измислува приказни со кои ќе се претстави во најдобро светло. Ако ги фатите дека лажат тие нема ништо да признаат, туку ќе смислат нови лаги за да ви го докажат спротивното. Знаат како да ве убедат дека црното е бело и обратно.

Риби
На Рибите воопшто не им е тешко да лажат наоколу за да го зачуваат својот добар углед. Овој знак е познат по својата посесивност, љубомора и самосожалување, но и по тоа што сака кај другите да предизвика завист. Тие и онака живеат во својот свет од фантазијата, односно во лажен свет, па не им е тешко да измислат нешто за да ве направат завидливи. Суптилни се и така добро знаат да смислат лага што во неа сите ќе можат да препознаат вистина. Понекогаш и самите веруваат со своите измислици и полувистини што, па дури по некое време веќе не сфаќаат дека лажеле.