КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ПРОСТУВААТ НЕВЕРСТВО?

Овие 4 хороскопски знаци можат да ја простат и најголемата грешка доколку се вистински заљубени!

Близнаци
Знаат да гледаат на животот на свој начин и да се стават на местото на другиот. Тие секогаш ја анализираат и преиспитуваат секоја ситуација. Тие се обидуваат да ги разберат сите гледишта пред да извлечат заклучоци. Ова е несомнено позитивна особина, но понекогаш дозволуваат да бидат измамени од партнерот, кој ја користи нивната толеранција. Близнаците ќе го простат секое неверство ако им се докаже дека тоа не било ништо повеќе од момент на слабост и да им се даде гаранции дека тоа нема да се повтори.

Вага
Вагите се способни да простат систематско изневерување. Претставниците на овој хороскопски знак сакаат силни чувства во врската, па дури претпочитаат таа да биде преполна со наизменични скандали и романтични гестови. Во име на љубовта ќе замижуваат пред неверството се додека партнерот им се врати и повторно ја разгорува страста во нивната врска.

Стрелец
Ја исповедаат максимата дека секој заслужува втора шанса, а трета не дава! Знаат дека е човечки да се греши и понекогаш тоа едноставно се случува. Нивните односи се потпираат на доверба и слобода. Сепак, тие имаат тенденција да простуваат неверство, но бидете сигурни дека и да не го покажат тоа – внатрешно го поставуваат прашањето зошто дошло до тоа.

Водолија
Водолијата ја сака својата слобода и таа самата има тенденција да изневерува без да чувствува вина за своите постапки. Нејзиниот филозофски поглед на работите ја смирува и знае дека секој човек може да се предаде на искушението и да скршне од вистинскиот пат. Совршено знае дека во повеќето случаи се работи за телесни страсти без чувства кои не можат никако да ја загрозат сопствената врска.

Секако, мора да ги забележиме и хороскопските знаци кои никогаш нема да простат неверство. Тоа се Бик, Лав и Девица. Премногу се љубоморни и горди за да се вратат на личност која дури преку ноќ ги заменила со некој!