КОИ КВАЛИТЕТИ МОЖЕ ДА ГИ НАСЛЕДИ ЌЕРКАТА ОД МАЈКАТА?

Научно е докажано дека има некои работи кои децата најчесто ги наследуваат од своите мајки, додека слично влијание не е докажано кај татковците, а се однесуваат и на изгледот и однесувањето.

Интелигенција

Шансите да го наследите „мајкиниот ум“ се многу поголеми отколку ако сте го наследиле од татко ви.

Во истражувањето спроведено во Глазгов, во кое учествувале 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, повеќето испитаници имале ист или максимум 15 поени повисок или помал IQ од нивните мајки.

Менопауза

Има добри шанси жените да влезат во менопауза приближно во исто време од животот како и нивната мајка. Студијата спроведена во 2011 година на Британскиот институт за истражување на ракот, во која учествувале над 2.000 жени, покажала дека предвремената или доцната менопауза, односно онаа што се јавува пред 45-тата година и по 55-тата година, може да биде наследна. Жените чии мајки поминале низ ваква менопауза имаат шест пати поголеми шанси тоа да им се случи од жените чии мајки имале менопауза на возраст од 45 до 55 години. 

Навики за спиење

Ако имате проблеми со спиењето, можниот виновник е вашата мајка. Во стручното списание „Медицина за спиење “.  Беше објавено истражување кое покажа дека мајките често им ги пренесуваат навиките за спиење на своите деца, така што децата на жените кои страдаат од несоница обично спијат помалку од другите деца. Научниците не забележале такви наследни особини од татковците.

Младост

Ако вашата мајка изгледа младо, тогаш женските деца имаат навистина среќа бидејќи имаат многу поголеми шанси да изгледаат исто на нејзина возраст.

Германскиот институт за биологија на стареење, Макс Планк, докажа дека митохондријалната ДНК, која ја наследуваме директно од нашите мајки, може делумно да го контролира и начинот на кој старееме.