КОИ СЕ ЕРОГЕНИТЕ ЗОНИ КАЈ МАЖИТЕ?

Помеѓу жените постои погрешно верување дека мажите се возбудуваат само при стимулирање на половите органи. Пенисот е првата и основна ерогена зона, но не и единствената. Ерогените зони кај мажите содржат преку 4 милиони нервни завршетоци чувствителни на допир. Кога овие нервни завршетоци се стимулирани, кај нив се будат сексуални чувства.

Скалпот и косата.
На скалпот се концентрирани голем број нервни завршетоци кои предизвикуваат позитивни чувства кога се допирани. Нежно поминувајте низ неговата коса и нежно чешкајте го со вашите нокти на скалпот или направете му масажа на овој дел. Масажата е неверојатно релаксирачка во стресните моменти, но и заводлива. Некои мажи сакаат да бидат тргани за косата за време на секс. Според нив тоа ја покажува вашата желба за секс и делува многу еротски.

Усните
Усните се клучни во една романса. Мажите сакаат да се бакнуваат речиси исто колку и жените. Поминете некое време во мало истражување на неговите реакции, преку различните техники на бакнување. Пробајте да додадете и малку шмукање и нежно гризење при бакнувањето. На пример, фатете ја неговата долна уста помеѓу забите и нежно грицкајте ја и шмукајте ја. Повеќето мажи полудуваат на вакви креативни потези, за нив тоа е доказ дека се посакувани.

Ушите
Нервните завршетоци тука ги има во изобилие, а тоа значи огромно задоволство за вашиот партнер. Со помош на вашиот јазик, усните и прстите истражувајте во секој дел од неговото уво и најдете кои места се најчувствителни кај вашиот партнер. Не ја заборавајте областа зад увото. Само вашето дишење во увото е доволно за тој да се возбуди. Па, не бидете срамежливи и направете го тоа, шепнете му нежно нешто секси или кажете му колку уживате. Верувајте, ефектот е неверојатен.

Вратот
Машкиот врат е често игнориран од жените како ерогена зона. Вистината е дека многу мажи уживаат кога се бакнувани страсно на тој дел, а некои од нив сакаат да го движите вашиот јазик од почетокот на вратот, по Адамовото јаболко, па сè до нивната брада. Започнете да истражувате во оваа зона и ќе бидете изненадени. Не го заборавајте и задниот дел од вратот. Внимавајте оваа област е многу нежна, па немојте да оставате белези, ако не сакате другите да знаат што сте правеле синоќа.

Градите и брадавиците
Тоа е едно од најчувствителните места на кои треба да им обрнете внимание за време на секс. Машките брадавици треба да бидат третирани исто како и женските, затоа што се исто толку чувствителни колку и женските. За да постигнете еротски ефект, за време на секс нежно, многу нежно грицкајте ги или шмукајте ги неговите брадавици. Масирајте ги или бакнувајте ги неговите гради за време на предиграта. Кога истражувате во овој дел започнете нежно и продолжете погрубо – некои мажи сакаат погруби потези, но не сите, вие сами треба да откриете.



Грбот
Кажете му да легне на стомакот, а вие започнете со потрагата по ерогени зони на неговиот грб. Сигурно ќе најдете некои кои ни тој самиот не знаел дека постојат. Според некои долниот дел од ‘рбетот е неоткриена ерогена зона кај многу мажи. Голем дел од нив уживаат кога нивната партнерка го движи јазикот по должината на ‘рбетот, сè до нивниот врат.

Тестисите и скротумот
Вашиот маж никогаш нема да биде задоволен, ако ги игнорирате тестисите и скротумот. Овие делови се исклучително чувствителни и треба да бидете нежни со нив. За почеток, треба да го фатите скротумот со цела рака за да го загреете. Тоа ќе му даде на вашиот партнер неверојатно чувство во целата генитална област, затоа што ја зголемува циркулацијата на крвта. Ако поминете со јазикот по овие делови, очекувајте експлозивно задоволство и страст.


Перинеумот
Перинеумот е лоциран помеѓу скротумот и анусот. Некои мажи сакаат да им биде стимулирана оваа зона не само за време на предиграта, но ако е возможно и за време на сексот. Пробајте да ја навлажните оваа област со масажно масло или лубрикант и започнете со масажа. Сепак, ако е поконзервативен може и да ја прескокнете оваа ерогена зона.Внатрешноста на бутовите. Не брзајте да стигнете до неговата експлозивна ерогена зона. Прво концентрирајте се на неговите внатрешни бутови. Само помислата дека се приближувате до неговиот полов орган ќе го излуди. Бакнувајте го или нежно галете го со рацете оддолу нагоре.