- Избегнувајте ги момците кои имаат ниска самодоверба
Доколку тој не се сака и почитува себе, најверојатно нема ниту вас да ве сака и да ве цени на здрав начин. Пронајдете некој со висока самодоверба, бидејќи тоа е доста важно. - Погрижете се да ви се поклопуваат вашите вредности во врска со љубовта и семејството
Погледнете добро каков живот води. Многу е важно дали тој има здрава врска со своето семејство и пријатели и колку долго тие траат. Доколку е склон да ги менува своите пријатели и да се однесува лошо кон своето семејство, бегајте подалеку од него. - Не го прифаќајте неговото лошо однесување
Размислете што ви сметало во вашата претходна врска и запишете го сето тоа на лист хартија. Дали вашиот бивш партнер бил пасивен, агресивен, негативен, критичар, некомуникативен, ладен? Доколку вашиот нов партнер го повторува однесувањето на бившиот, тогаш ставете му до знаење дека треба да престане да се однесува така, а доколку не сака, продолжете понатаму без него. Секој заслужува да се однесуваат убаво кон него. - Обрнете внимание на она што го прави, а не на она што го зборува
Неговите постапки зборуваат повеќе од неговите зборови. Дали е во контакт со вас и кога сте далеку и дали ви ги исполнува дадените ветувања, се доста важни работи. Партнерот кој се грижи и мисли на вас, ќе биде секогаш со вас. - Обидете се да бидете вклучени во секој аспект од неговиот живот
По некое време од врската, тој би требало да ве вклучи во неговите случувања. Би требало да знаете каде тој живее и каде работи. Тоа е сосема нормално. Во здравите врски, партнерите започнуваат да ги споделуваат своите пријатели и семејство. Тоа не е начин на контрола, туку е едноставно природна појава. - Бидете сигурни дека тој е заљубен во вас
Доколку тој е заљубен во вас, вие ќе му бидете приоритет. Тој ќе посакува неговото време да го поминува заедно со вас и ќе ви зборува што сè му се допаѓа кај вас. Доколку не е така, вие ќе почувствувате вознемиреност кога нема да ви се јави, ќе имате лоша комуникација, а кога работите во една врска се на тој начин, тогаш нема потреба да се остане во истата. - Заземете се за себе
Доколку нешто ви смета, кажете му. Доколку тој има одбранбен став кон она што му го кажувате, тогаш тој е незрел, и таквата врска нема сјајна иднина. Бидете со некого кој е свесен за своето однесување и кој е подготвен да промени неколку работи доколку тоа е потребно. Бидете со некого кој ги цени вашите чувства, но и вие направете го истото. Жените кои избираат мудро имаат поубав живот. - Вистинскиот ќе ве чека
Без разлика дали е во прашање секс или нешто друго, вистинскиот маж ќе ве чека сè додека не станете спремни за таков однос. Во секоја врска е потребно време за да се создаде емоционална интимност и потоа да се стапи во некои подлабоки работи. Доколку тој повеќе се грижи за тоа што нема секс со вас, отколку за самите вие, тогаш тој не ве почитува ниту вас ниту вашите ставови. - Обидете се да се чувствувате опуштено и среќно кога сте со него
Ако чувствувате дека сте под стрес или дека сте вознемирени, тогаш нешто не е во ред со вашата врска. Верувајте им на вашите чувства. Доколку има повеќе лоши, отколку добри денови во врската со него, тогаш време е да тргнете понатаму. Кога сте во добра врска, ќе се чувствувате среќно и опуштено, едноставно тоа е така.