КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД КОНСУМИРАЊЕ НА СМОКВИ

Го намалуваат холестеролот
Срцевиот или мозочниот удар може да се случи поради стеснување на артериите. Покрај холестеролот, зголемените триглицериди исто така штетно му влијаат на срцето. Докажано е дека смоквите имаат корисен ефект врз нивото на холестерол во крвта бидејќи одредени состојки кои ги содржат смоквите, како, на пример, стигмастерол и ланостерол, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.

Превенција од срцев удар
Смоквите се и добар извор на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.

Ја подобруваат меморијата
Редовното консумирање смокви ја спречува анемијата и ја подобрува меморијата. Само четири суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаната дневна доза на железо за организмот.

Спречуваат појава на акни
Со виљушка направете маска од три свежи смокви и една лажица јогурт и нанесете ја на лицето. Измасирајте го и оставете ја смесата на кожата околу 15-20 минути, па исплакнете. Истата маска можете да ја нанесете на усните за да се ослободите од испуканите усни и мртвите клетки.