КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ПЛАЧЕЊЕТО?

Интересно е што додека плачеме, во значителна мера се ослободуваме од негативните емоции. Британски научници тврдат дека буквално ги исфрламе од телото низ солзи.

Ако се воздржиме од плачење, ќе бидеме уште поранливи бидејќи не сме го искористиле начинот на кој природата ни го дала да се ослободиме од штетните материи што влијаат на имунитетот, мозочната активност, па дури и дигестивниот систем. Солзите се, според тоа, многукратни корисни.