Појавата на темни ленти под ноктите може да биде симптом на покачен холестерол во крвта, тврдат експертите од Американската академија за дерматологија. Тие можат да бидат предизвикани и од ендокардитис (воспалителна срцева болест) или знак за васкулитис (оштетување на крвните садови).
Таквите ленти може да се појават на ноктите на двете раце и стапала. Тие се појавуваат кога малите крвни садови се оштетени и пукнати, оставајќи мали „крвни дамки“ кои се гледаат низ ноктот. Овие точки на крварење обично не предизвикуваат физичка болка.
Според експертите, врската помеѓу таквите ленти под ноктите и зголемениот холестерол е докажана многу пати во студии, забележани кај пациенти и опишани во медицинската литература.
Доколку се појават такви симптоми, треба навремено да се консултирате со лекар, бидејќи високиот холестерол е опасен поради зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања. Во зависност од делот од телото, блокирањето на крвните садови може да предизвика мозочен или срцев удар.


