КОЛКУ ВИСТИНСКИ ЉУБОВИ ИМА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ВО СВОЈОТ ЖИВОТ

Секоја личност која била заљубена , но поради околности раскинала со партнерот, си го поставува прашањето: „ Дали ова беше мојата последна вистинска љубов “, еве како астролозите одговараат на ова емотивно прашање:

Овен

Овните сакаат три пати во животот, иако се многу скептични кога станува збор за љубовта. Кога раскинуваат, тие повеќе не гледаат назад, туку продолжуваат да бараат нова љубов.

Бик

Бикот е еден од оние знаци во хороскопот кои кога ќе ја најдат вистинската љубов, се подготвени да се смират со неа доживотно.

Близнаци

Близнаците имаат три љубови во животот. Тие имаат тенденција да го поминуваат целиот свој живот во потрага по вистинска љубов, без оглед на нивниот моментален љубовен статус. За секоја љубов се убедени дека таа е вистинската.

Рак

Раковите имаат две големи љубови во животот. Доколку се случи првпат да се разочараат во љубовта, спремни се долго да го бараат вистинскиот партнер, а кога ќе го најдат, сè што имаат ќе вложат во новата врска за љубовта да цвета.

Лав

За Лавовите сета љубов е вистинита. Тие се многу посветени на своите партнери, отворени и директни. Тие се само вистински освојувачи. Тие се секогаш емотивно присутни, дури и кога постои опасност да бидат повредени.

Девица

Девиците вистински се заљубуваат само два пати во животот. Тие се сомнителни и скептични по природа, па тешко им е да дозволат некој да им се доближи. Уште потешко е партнерот да ги ангажира емотивно и да го освои нивниот свет.

Вага

Заедно со Лавот, Вагата е знак кој секогаш ја сака вистината. Кога им е најтешко, признаваат дека им е скршено срце и дека се разочарани од поранешната љубов. Но, ако се појави нова можност, тие се подготвени да започнат нова врска со целото свое срце.

Скорпија

Скорпиите сакаат само еднаш во животот. Претставниците на овој знак можат да имаат многу врски и авантури, но со целото срце посакуваат само еднаш во животот. Љубовта е длабоко емотивна за нив, а на овие многу мистериозни претставници на хороскопот им е тешко да изградат нови врски.

Стрелец

Имаат четири љубови во животот. Стрелците се искусни на полето на љубовта и можат да сакаат до четири пати во животот. За да ја задржат љубовта, ќе мора да научат да прават компромиси со партнерот.

Јарец

Претставниците на овој знак можеби сакаат двапати во животот, но поради нивната интровертност многу им е тешко да ги изразат чувствата, па почетокот на нивната љубов често знае да биде многу трнлив. Поради нивните силни и тешки личности, тие често се првите кои ја прекинуваат врската.

Водолија

Водолиите навистина сакаат три пати во животот. Овој знак често знае да биде љубовник, а не партнер на кој му го подарува срцето. Тие имаат тенденција да бараат идеален партнер кој би им бил најдобар пријател.

Риби

Рибите можат вистински да сакаат само една личност во својот живот. Кога ќе ја сретнат својата сродна душа, тие го фрлаат сидрото и се подготвени да останат закотвени таму до крајот на својот живот.