Зошто да потрошите премногу пари на козметика, кога можете да направите своја домашна маска за лице. Најдовме рецепт за кој ќе ви требаат само 2 состојки, а тој ќе ја регенерира вашата кожа. Оваа маска помага во лекувањето на акни, црвенило и лузни.
За да го подготвите, ќе ви треба лажичка сода бикарбона и кокосово масло. Измешајте ги состојките и маската е подготвена.
Кокосовото масло има антибактериски и навлажнувачки својства. Ја хидрира, храни и смирува кожата.
Нанесете ја маската на лицето, избегнувајќи го делот околу очите и усните и оставете ја да делува околу 10 минути. Потоа исплакнете со млака вода и нанесете хидратантна крема.