КОЊИ- ЖИВОТНИ КОИ ВИ ГО ОДЗЕМААТ ЗДИВОТ

Коњите се животни чиј став и брзина ни го одземаат здивот. Нема човек што не се восхитува на нивната убавина, лојалноста и благородноста на ова животно. Коњот е придружник на човекот повеќе од 6.000 години и се користи главно за работа, влечење и јавање. Заслужил посебно место во историјата на војувањето.

Просечниот животен век на домашните коњи се движи од 25 до 40 години. Тие се тревојади и се хранат претежно со трева, најчесто приквечер и ноќе. Можат да издржат долго без вода но кога ја конзумираат потребно е таа да е чиста. Еден коњ може да испие над 30 литри вода на ден. Тие спијат од 2 до 3 часа на ден, претежно во стоечка положба. Максимумот што го поминуваат легнати е до 40 минути на ден. Расположението и емоциите на коњите најчесто ги покажува движењата и држењето на ушите. Ушите на коњот исто така се движат во насока на нивниот поглед. Нивните очи се големи и експресивни. Ниту еден сложен цицач нема очи со таа големина.

Една од вообичаените поделби на коњите вклучува поделба на топлокрвни и ладнокрвни раси. Топлите раси се темпераментни, обично имаат ориентално потекло и се користат за трки, додека ладнокрвните раси се помирни, но посилни и поголеми.