Оваа сезона, сите парчиња кожа се во тренд, а најпопуларни меѓу нив се дефинитивно кожените панталони. Ова парче може да изгледа многу добро, но мора внимателно да се комбинира. Ако направите најмала грешка, целиот стајлинг ќе изгледа евтино.
Меган Фокс ни даде одлична идеја за стилизирање на ова привлечно парче. Ако го копирате овој стајлинг, комплиментите сигурно нема да изостанат.
Бидејќи панталоните се доволно ефикасни, црната јакна и чевлите се одличен избор.
Дали ви се допаѓа оваа модна комбинација?