Не може да се избега од ефектите на времето, особено кога се појавуваат на толку истакнато и видно место како што се лицето и вратот.
Купуваме секаков вид на козметика, и за жал скоро секогаш сме разочарани од резултатите. Сепак, секогаш можеме да пробаме нешто природно и домашно, што изненадувачки излегува дека е подобар производ од било што во козметичката продавница.
Производи:
2 лажици вазелин
1 жолчка од јајце
1 лажица мед
1 лажица маслиново масло
Подготовка: Растопете го вазелинот и ставете го во сад со капак, додадете ги жолчката, медот и маслиновото масло и добро промешајте. Затворете и ставете во фрижидер. Добро измијте го и исчистете го лицето пред употреба. Потоа нанесете со кружни движења, почекајте 30 минути и измијте со топла вода. Користете го кремот навечер пред спиење и само по една недела ќе видите разлика.