Начинот на кој ќе одговорите на прашњата ќе ви помогне да идентификувате сè што стои помеѓу вас и најцелосната љубов што го потврдува животот, се наведува во книгата „Спонтано заздравување на верувањата“.
Прочитајте го секое прашање внимателно и одговорете искрено со „да“ или „не“. Ѕирнете подлабоко во себе и прашајте што има во вас што не ви дозволува да го живеете животот што го сакате, исполнет со љубов …
Погледнете се и одговорете на следново:
- Дали ви е тешко да се сакате пред сè?
- Дали сметате дека не е безбедно да се споделува љубов со другите целосно и без страв?
- Дали врските што ги повикувате во вашиот живот ви оставаат чувство на празнина и желба да побарате повеќе?
Ако одговоривте „да“ на кое било прашање, сосема е сигурно дека целото страдање и болка што ги чувствувавте произлегоа од вашето несвесно верување кое се прелева во вашите свесни искуства.
Ѕирнете подлабоко во себе и прашајте зошто тоа „да“ го има во вас и зошто не ви дозволува да го живеете посакуваниот живот исполнет со убов.