Кои се квалитетите што треба да ги поседува секоја врска со сродната душа за да биде стабилна и среќна за партнерите во неа?
- Доверба – Довербата е како „лепак“ во врската. Тоа ја оддржува. Од друга страна, чувството на несигурност во себе и во саканата личност само ги раздвојува партнерите. Не можете да бидете сродни души со некого и да не си верувате еден на друг.
- Искреност – Вистината ја поттикнува љубовта. Престанете да се обидувате да читате мисли или да погодувате што мисли другата личност. Кажете го она што го мислите и мислите на она што го кажувате. Бидете искрени со секој аспект од вашата врска. Искреноста само ги негува односите.
- Внимание – Недостатокот на внимание може да ја оштети врската многу повеќе отколку што сфаќаме. Бидете љубезни кога вашиот партнер зборува, не се одвлекувајте од работата, телевизорот, вашиот мобилен телефон. Потрудете се да бидете присутни таму каде што е вашиот партнер ако се чувствувате како да сте сродни души.
- Одговорност – Кога влегувате во нова љубовна врска, важно е да преземете 100 проценти одговорност за вашите постапки, чувства и однесување. Истото важи и за другиот. Избегнувањето на важни разговори, постојаното префрлање на вината, не ја гради, туку ја уништува врската.
- Позитивен став – Кон животот, дури и кога е тежок. Сродните души се поддржуваат, некако успеваат да останат позитивни. И кога нема проблеми, нивниот позитивен став успева да ги подигне добрите вибрации во нивните животи.
- Тимска работа – Неопходна е и кога станува збор за стабилна љубовна врска во која партнерите се сродни души. Но, за да го имаат, важно е да си помагаат и за ситниците во секојдневниот живот, да гледаат во иста насока.
- Прифаќање – Прифатете се со сродната душа. Не ја оценувајте сегашната по претходните врски, не ги споредувајте партнерите. Вашите разочарувања од минатото не се показатели за моменталните љубовни можности. Сродните души се свесни дека ниту една врска не е совршена и дека нивниот партнер не треба да биде совршен.
- Автентично присуство – Бидете вашето вистинско јас. Не треба да се преправате дека сте некој друг. Слободно презентирајте го своето вистинско јас во врската и барајте го спротивното од вашиот сакан.