Од памтивек, луѓето сонувале за универзален лек кој ќе помогне при било какво заболување. Сепак, науката и медицината сè уште не го откриле овој лек.
Но наспроти тоа во народната медицина има многу мелеми или напитоци кои лечат од најобична кашлица до сериозни заболувања.
Мелемот опишан во следните редови, е токму еден таков чудесен лек за 100 болести, и се прави со само 2 состојки.
Првата од нив е виното.
Овој пијалок од грозје од памтивек е неизоставен дел од секојдневната исхрана на долговечните луѓе. Покрај греењето и подигнувањето на расположението, виното се користи и како лек против секакви состојби. Причината се крие во составот на виното кое содржи многу полезни состојки кои влијаат врз работата на гастроинтестиналниот тракт, кардиоваскуларниот систем и имунолошкиот систем.
Втората состојка е лукот.
Корисните својства на лукот се познати веќе подолго време. Овој природен антибиотик ги убива микробите и вирусите, ја подобрува циркулацијата на крвта, го намалува холестеролот и ја зголемува одбраната на организмот.
Тинктурата на лук и црвено вино е неопходен помошник за оние кои постојано доживуваат остри промени во крвниот притисок.
Исто така, оваа смеса совршено го зајакнува имунитетот, ја прочистува крвта, има позитивен ефект врз женскиот репродуктивен систем.
Погледнете го и рецептот за овој неверојатен лек од народната медицина:
СОСТОЈКИ:
12 чешниња лук
1 литар црвено вино
ПОДГОТОВКА:
Исечете го секое чешне лук на 4 парчиња и ставете ги во стаклена тегла.
Наполнете ги чешнињата лук со вино и цврсто затворете ја теглата со капак.
Ставете ја теглата на темно ладно место 2 недели.
Протресете ја теглата 2-3 пати на ден.
По 14 дена, процедете ја тинктурата и истурете ја во темно стаклено шише.
Земете го лекот 1 лажичка 3 пати на ден за 30 дена. По 6 месеци можете повторно да ја повторите постапката.