ЛЕКЦИИ КОИ ГИ УЧИТЕ ОД „ЛОШИОТ“ СЕКС

Што ќе научите низ лошото и непријатно искуство?

Држете се до контрацепцијата која вие сметате дека е најбезбедна.

Ако нешто е непријатно или боли – треба во истата секунда да заврши.

Во ред е да сакате нешто обично и да немате фетиши. Тоа не значи дека сте лоши во кревет.

Многу е важно да ги знаете границите на партнерот, но и своите. Не сите изненадувања се добри и посакувани. Зборувајте.

Добриот секс не е исто што и оргазам.

Сексот е добар, само ако го разбирате како „привилегија.“ Никогаш не мислете дека го должите некому или некој ви го должи вам.

Не мора да бидете сериозни. Насмевнете се. Но, не се потсмевајте.