Овен
Ако ви е тешко да се опуштите и да уживате во моментот, не сте сами. Понекогаш е многу потешко да притиснете на копчето „пауза“ во вашиот ум, но не престанувајте да се обидувате и престанете да се грижите.
Бик
Вашето минато не ве одредува. Тоа не одредува што ќе се случи во иднина. Ако се потрудите, тогаш наредните денови ќе бидат светли. Можете да ги остварите вашите соништа, но прво треба да почнете да верувате во себе.
Близнаци
Во декември ќе мора да се опуштите. Верувајќи дека вистинскиот партнер, вистинската работа, вистинскиот пат ќе се појави кога ќе биде вистинското време.
Рак
Во текот на овој месец дознајте што прави да се чувствувате живи и следете го тоа. Не се откажувајте при првата тешкотија.
Лав
Не можете да планирате или очекувате сè во вашиот живот. Колку повеќе продолжувате да се обидувате да планирате за секој елемент од догледна иднина, толку повеќе всушност дозволувате да се фрустрирате и да „не успеете“.
Девица
Престанете да ги поддржувате сите освен себе си. За да бидете комплетни за вашите најблиски, треба да најдете рамнотежа и хармонија во вашата душа.
Вага
Во декември ќе научите дека можете да ги измамите очите, можете да го измамите умот, но не можете да го измамите срцето. Ниту една убавина, богатство или популарност нема да ве направи среќни.
Скорпија
Во текот на овој месец заборавете на сите ограничувања, престанете да поставувате непотребни граници и правете ги работите во кои навистина уживате. Ставете се себеси на прво место, бидејќи на тој начин ќе ги привлечете вистинските луѓе во вашиот живот.
Стрелец
Можеби сте бестрашни, но не сте непобедливи. Мора да бидете внимателни со вашиот избор. Не донесувајте импулсивна одлука која на крајот ќе ви наштети.
Јарец
Вие заслужувате ист тип на љубов и грижа што им ја давате на вашите пријатели и семејството. Бидете љубезни кон себе во декември.
Водолија
Отсекогаш сте се плашеле од ранливост. Во текот на последниот месец од годината потрудете се да бидете отворени и реални, бидејќи тоа ќе им овозможи на луѓето околу вас да ви веруваат и да ги споделат своите емоции со вас, а вие да ги споделите вашите.
Риби
Навикнати сте само да примате, но време е да давате. Партнерот овој месец ќе ви донесе само среќа, но мора да покажете и почит и грижа доколку сакате да ја задржите личноста до вас.