ЛЕСНИ ДОМАШНИ ВЕЖБИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БОЛКАТА И ОТОКОТ

Освен што се естетски проблем, отечените нозе можат да бидат придружени и со болка, црвенило, чувство на тежина, како и непријатно чувство на стегање во чевлите. Отекувањето на нозете почесто се јавува кај жените, а некои од природните препораки се одење и ограничен внес на сол за да не се акумулира вишок течност во телото.

Вежбите се одличен начин да се ослободите од отокот на нозете, па затоа препорачуваме да ги правите дома за да се опуштите и да ја намалите болката. Ви носиме серија вежби засновани на јога и вежби за истегнување – можете да ги правите без разлика колку сте фит.



Секоја вежба треба да ја правите 15 секунди, така што нема да ви одземе повеќе од 5 минути. Во видеото подолу погледнете кои вежби се одлични против отечени и болни нозе!